Плишкова го надмина комплексот „второ коло на Вимблдон“

Каролина Плишкова славеше во дерби-пресметката на второто коло од женскиот турнир на Вимблдон, совладувајќи ја Викторија Азаренка со 2-0 во сетови. Чешката тенисерка во претходните пет години редовно испаѓаше токму во втората рунда од британскиот гранслем турнир, но овојпат Плишкова одигра одличен меч и заслужено славеше над квалитетната ривалка со 6-3, 6-3.

Нејзина следна противничка ќе биде Бузарнеску од Романија, која денеска славеше на дуелот со Бритакната Свон со убедливи 6-0, 6-3.

Милош Раониќ прв стигна до пласман во третото коло во машка конкуренција, откако Канаѓанецот со три тајбрејка успеа да триумфира над Австралиецот Милман (7-4, 7-4, 7-4).

Се вчитува...