Плишкова го освои турнирот во Рим

Каролина Плишкова го направи најголемиот успех на земјен терен во досегашната кариера. Ја освои титулата на Мастерсот во Рим победувајќи ја во финалето со 2-0 во сетови Јоана Конта.

Триумфот во главниот италијански град значи дека Плишкова од понеделник ќе биде на втората позиција на ВТА листата и ќе биде втора носителка на Ролан Гарос кој почнува на 26 мај.

Против Конта, Плишкова загуби три гема во првиот и четири гема во вториот сет. Таа во досегашниот дел од сезоната е тенисерката со втора најдобра победничка серија. Има 27 триумфи, пред неа е Петра Квитова со 28 победи досега.

Се вчитува...