Плишкова и Свитолина тешко до втората седмица, Возњацки елиминирана на Вимблдон

Tретата носителка Каролина Плишкова од Чешка се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, откако по тешка борба ја совлада секогаш незгодната Сиех од Тај Пеј со 2-1 (6-3, 2-6 и 6-4). Пласман понатаму обезбеди и осмата носителка Елина Свитолина од Украинка која исто така во три сета беше подобра од Сакари од Грција (6-3, 6-7 и 6-2).

Поранешната прва тенисерка на светот и шампионка од Австралија опен, Каролине Возњацки од Данска е елиминирана од Кинеската Шуај Женк со 2-0 (6-4 и 6-2). Данката подобро го отвори мечот поведувајќи со 4-0, но тоа беше се од неа. Со серија од шест гејма Кинеската дојде до водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет само рутински ја доврши работата. Во втората седмица се пласираше, Дајана Јастремска од Украина која ја совлада Голубиќ од Швајцарија со 2-0 (7-5 и 6-3).

Се вчитува...