Каролина Плишкова комплетно ја надигра Анжелик Кербер во финалето на турнирот во Истбурн и за само 71 минута ја освои титулата добивајќи го мечот во два сета со 6-1 и 6-4.
Во пресметката на двете поранешни тенисерки број еден во светот, Плишкова и го одзеде сервисот на Кербер веќе во првиот гем, а Германката задржа свој сервис дури во третиот гем од вториот сет.
Плишкова која уште чека на грен-слем титула оди на Вимблдон во голем стил со одлични резултати на сезоната на трева. Кербер ја брани титулата во Лондон.
Последна тенисерка кој по успех на Истбурн го освоила и Вимблдон е Јана Новотна во 1998 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА