Плишкова ја урна бранителката Возњаки во Сингапур

Финалето на тениската сезона во Сингапур, Каролина Плишкова  го отвори со триумф над ланската шампионка, Каролине Возњаки. Петторангираната на ВТА листата ја победи втората светска тенисерка со 2-0 во сетови во мечот од првото коло во „белата“ група. Во првиот сет беше доминантна и и препушти на Возњаки само два гема, додека во вториот Данката успеа да освои четри гема.

Плишкова, втората победа и пласманот во полуфиналето ќе ги брка во вторто коло кога ќе се соочи со Елина Свитолина која исто така забележа победа во стартната рунда. Возњаки пак за шанса за полуфинален пласман ќе се бори против Петра Квитова во дуелот на поразените од првото коло.

Дуелите од првото коло во „црвента“ група меѓу Кербер-Бертенс и Стивенс-Осака се закажани за утре.

Се вчитува...