Втората носителка Каролина Плишкова по тешка борба успеа да ја елиминира дебитантката на грен-слем турнирите Мајар Шериф од Египет. Чешката тенисерка во меч кој траеше повеќе од 2 часа славеше со 2-1 по сетови (6-7, 6-2 и 6-4).
Во второто коло на Ролан Гарос, Плишкова ќе се сретне со шампионката од 2017 Летонката Јелена Остапенко која во првата рунда беше сигурна против американката Бренгл со 2-0 по сетови 6-2 и 6-1.
Пласман во следната фаза во женскиот дел од турнирот денеска обезбедија и Нао Хибино од Јапонија, Белгијката Ван Ујтванк, Богдан од Романија и Американката Колинс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА