Плишкова спаси четири меч топки и ја исфрли Серена Вилијамс

Поранешната тенисерка број еден во светот, Каролина Плишкова ќе игра првпат во кариерата во полуфинале на Австралија Опен откако направи подвиг во четвртфиналето, не толку поради победата над Серена Вилијамс, повеќе поради речиси перфектниот тенис кога беше на линијата на амбисот и спаси четири меч топки против толку квалитетна ривалка и успеа да го добие дуелот со 2-1 во сетови.

Серена водеше со огромни 5-1 и изгледаше дека е на најдобар пат кон ново грен-слем финале во кариерата, но тогаш се разбуди Чехинката, ги одби сите четири победнички напади на седумкратната шампионка од Мелбурн и со неверојатен пресврт го доби третиот сет со 7-5. Претходно Плишкова влезе во мечот со 6-4 во првиот сет, Вилијамс одговори идентично во вториот, по што следуваше драматичниот решавачки сет.


Серена Вилијамс повотрно е запрена на патот кон историската 24. грен-слем титула во кариерата.

Каролина Плишкова во полуфиналето ќе игра против Наоми Осака која беше доминантна во четвртфиналниот дуел против Елина Свитолина, го доби со 2-0 во сетови и и таа како и Плишкова ќе го игра првото полуфинале во кариерата на Австралија Опен. Осака е првата Јапонка која ќе игра полуфинале во Мелбурн по Кимико Дате во 1994 година.


Во второто полуфинале ќе се сретнат Петра Квитова  и Даниел Колинс.

Се вчитува...