Плишкова стигна до билет за финалето на Вимблдон

Каролина Плишкова ќе се сретне со Ешли Барти во саботното финале на Вимблдон откако чешката тенисерка славеше на денешната полуфинална пресметка против Сабаленка со 2-1 во сетови.

Сабаленка беше подобар противник во првиот сет, добивајќи го со 5-7, но Плишкова одговори на вистински начин. Таа најпрвин израмни добивајќи го вториот сет со 6-4, за потоа да стигне до брејк и во третиот сет, максимално да го искористи својот сервис и да си го трасира патот до големото финале.

За Плишкова ова е второ гранслем финале во кариерата, по она во 2016 година на УС Опен, кога загуби од Анжелик Кербер со 2-1 во сетови.

Се вчитува...