Ана Јаневска со нов сениорски рекорд на 50 метри пеперутка

Една од најдобрите македонски пливачки, Ана Јаневски постави нов сениорски македонски рекорд на 50 метри пеперутка. На пливачкиот митинг во Кавала, Грција, Јаневски пливаше со време од 29.22 секунди, освојувајќи го притоа и сребрениот медал.

Покрај новиот сениорски рекорд, Ана Јаневска, освои и две бронзени медали на 50 метри слободно и 100 метри слободно.

Миа Крстевска и Антониј Симоновски, пак, соборија четири македонски рекорди на Гран-при миитнгот „11Април“ во Белград, на кој учестваа 460 пливачи од Италија, Унгарија, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Mia i Antonij

Членовите на пливачкиот клуб „Орион“ од Скопје имаа повеќе од забележителен настап на силниот митинг во Белград, на кој Миа Крстевска постави нов апосолутен и младински рекорд на 200 метри грбно, и нов младински рекорд на 100 метри грбно. На 100 метри грбно пливаше со време од 1:07.28, подобрувајќи го претходниот рекорд во сопственост на Симона Маринова кој изнесуваше 1:08.09.

На 200 метри грбно, пак, исплива со време од 2:23.22, подобрувајќи го токму нејзиниот рекорд од 2:23.64.

Антониј Симоновски, пак, постави кадетски рекорд во дисциплината 50 метри грбно, пливајќи со време од 29.01. Стариот рекорд (29.04) беше во сопственост на Горазд Чепишевски.

Се вчитува...