ПЛМ: Во трка за плеј-оф Работнички го пречекува Куманово

По одигрување на сите предвидени кола од регуларниот дел од првенството остануваат да се доиграат големиот број на заостанати натпревари, а првиот од нив ни носи големо возбудување со СРЦ „Кале“ каде Работнички го пречекува Куманово од 17 часот.

Двата тима на овој дуел влегуваат на крилјата на победите во претходното коло на домашната сцена, Работнички славеше над Академија ФМП, додека Куманово пред две седмици забележа победа против Кожув, па ќе биде интересно да видиме чија победничка низа ќе продолжи во обид да се одигура што подобро место во пресрет на разигрувањето.

Работнички на овој натпревар влегува како благ фаворит со оглед на поголемиот одмор во однос на „сино-белите“ кои имаа долго патување во Израел за дуелот во БИБЛ лигата, но ќе има што да се запрашаат и избраниците на Ѓорѓиевски кои во првиот меѓусебен дуел оваа сезона го прегазија скопскиот состав.

Натпреварите помеѓу Работнички и Куманово никогаш не разочаруваат, па се надеваме дека така ќе биде и денеска, а нека победи подобриот.

Се вчитува...