ПЛМ: Второто коло започнува во Аеродром – МЗТ Скопје го пречекува Кожув

По интересните шест натпревари со кои започна новата сезона во Првата лига возбудувањата продолжуваат денеска со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Кожув од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ со што ќе започна и второто коло од натпреварувањето.

Двата тима на овој меч влегуваат со мисли рехабилитација по воведните порази од Пелистер, односно ТФТ па императивот ќе биде освојување на двата бода. За аеродромци ова воедно ќе биде и последниот натпревар на домашен терен пред првиот турнир од АБА2 лигата.

Добра вест за тренрот Радуловиќ е враќањето на Роберт Рикиќ и Бојан Крстевски кои поради повереда го пропуштија мечот со битолчани, но од тимот повторно ќе отсуствува Адем Мекиќ.

Преостанатите натпревари од второто коло ќе бидат одиграни престојниот викенд, а во нив ќе се сретнат: TФТ – Еуро Никел, Гостивар – Куманово, ФМП – Пелистер, Работнички – Феникс 2010 и Ангели и МЗТ Скопје 2.

Се вчитува...