Директен опстанок посакува тимот на Башкими, и го има во раце само доколку го победи на свој терен тимот на Македонија ЃП, кој веќе е второлигаш. „Лавовите“ немаат веќе ниту теоретски шанси да се спасат од испаѓање, но затоа овој меч кој се игра во Гостивар многу ќе му значи на тимот на Башкими, кој во моментов има четири бода предност пред АП Брера, кој е пред играње на бараж.
Башкими очекува победа иако игра на неутрален терен, и со тоа и дефинитивно да дојде до директниот опстанок во ПМФЛ.
„Македонија ЃП веќе испадна, ние со победа и дефинитивно го решаваме опстанокот, затоа им должиме на нашите навивачи и сакаме да победиме на овој меч. Башкими заслужува да биде дел од Првата лига и следната сезона, и мораме да продолжиме по тој пат“, рече Адис Мурати, играчот на Башкими.
Денешното коло исто така може да донесе и промена на местата во бараж. Така Пелистер со евентуална победа над Тиквеш, ќе се искачи место погоре на табелата, и ќе игра со третопласираниот од втората лига во баражот.
„Секој си има математики, но ние ќе си ја гледаме нашата работа, односно нема да се занимаваме со калкулации. Пелистер е искусен клуб, така треба и да се однесува и да пристапува кон секој меч со максимален респект и играчка дисцилина. Пред нас е тежок противник, но ќе кажам дека имаат квалитет, особено во нападот и физички добро подготвени играчи. Нашата цел е опстанок во Лигата и додека имаме шанси, ќе дадеме се од себе“, рече Марјан Секуловски, шефот на струката на Пелистер.
Во последниот меч играат Работнички и Шкупи. Двата тима се веќе испаднати, и ќе играат денеска само за престиж. Се очекува сигурен триумф на „романтичарите“.
ПМФЛ, 32. КОЛО (ДЕНЕСКА, 16:00 ЧАСОТ)
Гостивар: БАШКИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје, Нац. Арена Тодор Проески: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Кавадарци: ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР
ТАБЕЛА:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
