ПМФЛ: Битка за „гол живот“ во Охрид, Вардар сака шампионски „скалп“

Денешното 26. коло две екипи го стартуваат со нови тренери. Работнички со Горан Станиќ, кој го замени Гоце Седлоски, го има можеби најважниот натпревар сезонава, но и тешко гостување против Воска Спорт. Охрид ќе биде градот каде што ќе се крои судбината за опстанок, а онаа екипа која ќе биде поразена денеска, ќе влезе во опасната зона, и ќе треба до крај да се бори за „гол живот“.

Брегалница со нов тренер во името на Трајче Сенев, влегува во пресметка со кандидатот за титулата, екипата на Шкупи. Штипјани минатата недела мораа да менуваат тренер, откако се раздели со Горан Здравков. Сенев го очекува „огнено крштевање“ против еден од најдобрите екипи во првенството и кандидат за титулата.

Интересно ќе биде и на „Борис Трајковски“ во Скопје. Вардар во битката за опстанок го очекува пресметка со моменталниот лидер Струга ТЛ. И на двата тима им требаат бодовите како „суво злато“. Затоа и треба да се очекува атак на трите бода и од едната и од другата екипа.

Македонија ЃП во добра форма после двете победи по ред, го очекува пресметка со Шкендија, уште еден канидат за титулата, додека Тиквеш на домашен терен го чека тимот на АП Брера.

Вчера Силекс и Гостивар одиграа без голови во Кратово.

ПМФЛ, 26. КОЛО

ДЕНЕСКА, 15:00 ЧАСОТ

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ

Скопје, Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА

Скопје, Маџари: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ

Охрид: ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ

Вчера: СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-0

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...