Фудбалерите на Шкупи имаат предност од 1-0 на полувреме против Работнички во натпревар од 9. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Домаќините кои овој меч наместо во Чаир го играа во Струга поведоа со 1-0 во 25. минута со голот на Ерион Шуку по големата грешка на голманот на гостите, Петар Јакимов.
Водство од 0-1 на полувреме има и Башкими на гостувањето кај АП Брера во Струмица. Голот за водство на гостите на овој меч го постигна Емануел Аворнио во 35. минута.
ПМФЛ 9. КОЛО:
ВЧЕРА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 4-1
ДЕНЕСКА:
(15.00) АП БРЕРА – БАШКИМИ 0-1
(15.00) ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-0
НЕДЕЛА:
(15.00) СИЛЕКС – ТИКВЕШ
(15.00) ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
ПОНЕДЕЛНИК:
(18.00) ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

