ПМФЛ: Силекс сака да ја продолжи серијата, Академија Пандев бара излез од проблемите

Силекс ќе ја пречека Академија Пандев во премиерниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига. Кратовчани одлично ја стартуваа сезоната и по три натпревари имаат учинок од две победи и едно и тоа во Тетово на секогаш тешкото гостување кај еден од фаворитите за титулата Шкендија.

Од друга страна Академија Пандев која немаше славно лето и веднаш беше елиминирана во квалификациите од Конференциската лига, слабо го стартуваше и новиот домашен шампионат. По три меча има два порази и само една победа и тоа против последнопласираниот Работнички.

Натпреварот кој ќе се игра на градскиот стадион во Кратово е закажан за во 16 часот.

ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16 часот)

Силекс – Академија Пандев

УТРЕ (16 часот) 

Скопје – Шкупи

Брегалница – Македонија ЃП

Работнички – Тиквеш

Шкендија – Струга ТЛ

Слободна: Победа

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...