ПМФЛ: Вардар против Брегалница во дербито за опстанок, Шкендија сака да го искористи ремито на Струга и Шкупи

Со пет натпревари денеска ќе се комплетира 20. коло во Првата македонска фудбалска лига. Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска на домашен терен ќе ја пречека штипска Брегалница во меч кој има големо значење и за двата тима кои очигледно до крајот на сезоната ќе водат жестока битка за опстанок.

Добриот почеток и „ремито“ против Гостивар ветуваа дека „црвено-црните“ може да се одлепат од дното, и на крајот да изборат опстанок.

„Црвено-црните“ доживеаја промени во играчкиот кадар и во стручниот штаб, а еден од новите лица во редовите на Вардар, Марјан Ристовски очекува победа на „црвено-црните“.

„Играме прв пат пред своја публика. Сигурен сум дека атмосферата ќе биде одлична, дека стадионот ќе биде полн, и со поддршката на навивачите ќе стигнеме до трите бода. Моите очекувања се победа и само победа. Ветувам ддека на теренот ќе се бориме и ќе дадеме не 100, туку 200% од силите за да стигнеме до целта. Тоа е мојата порака кон навивачите, кои ги повикувам да дојдат затоа што не постои поголемо задоволство од тоа да играш пред полн стадион“, рече Ристовски.

Тетовска Шкендија во локалното дерби ќе го пречека Гостивар, а со победа на овој меч поранешниот шампион на Македонија може да дојде на само минус 1 зад водечкиот Шкупи.

ПРВА ЛИГА – 20. КОЛО

Тетово: ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР

Струмица: АП БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 

Охрид: ВОСКА – СИЛЕКС

Скопје: ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА

ВЧЕРА
СТРУГА: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2-2

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...