По 177 дена Новак Ѓоковиќ се враќа на тениските терени

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ вечерва по 204 дена ќе го одигра првиот натпреварувачки натпревар. Тој во првото коло од Синсинати мастерсот кој годинава поради пандемијата од коронавирусот се игра на терените на УС опен во Њујорк за противник ќе го има Литванецот, Ричард Беранкис.

Ѓоковиќ својот последен натпревар сезонава го одигра на 27. февруари во финалето на Дубаи опен каде го совлада Гркот, Стефанос Циципас. Потоа следуваше прекинот на тениската сезона поради пандемијата од коронавирусот.

Во паузата Србинот го организираше „Адриа тур“ турнир кој му донесе многу проблеми бидејќи поголемиот дел тенисерите кои земаа учество беа позитивни на коронавирус. Мечот меѓу Ѓоковиќ и Беранкис се очекува да почне негде околу 22 часот по македонско време.

Се вчитува...