По Алкараз, и Медведев елиминиран уште на стартот на АТП Мастерсот во Париз

По Карлос Алкараз, кој шокантно испадна уште по првиот свој меч, и третиот носител Данил Медведев елиминиран уште на стартот на АТП Мастерсот во Париз.

Медведев во 1/16-финалето на турнирот загуби во три сета, со 1-2, од Бугаринот Григор Димитров кој славеше со 6-3, 6-7(3) и 7-6(2).

Димитров во драматичен трет сет успеа да дојде до победата по тај-брејкот, иако многу порано можеше да го реши мечот. Бугарскиот тенисер имаше четири меч топки при 5-3 во гемови во третиот сет, но Медведев успеа да се врати во игра за да, сепак, на крајот загуби во тај-брејкот.

Се вчитува...