Чаби Алонсо е нов тренер на Реал Мадрид. Тоа е дефинитивно јасно денеска, откако Баер Леверкузен објави дека на крајот на сезоната Шпанецот заминува од кормилото, а следна дестинација ќе му биде кралскиот клуб.
Алонсо има големи планови со новиот клуб, од него се очекува многу, но претседателот Флорентино Перез најавил дека нема многу да менува ова лето, односно дека нема да дојде до спектакуларни трансфери како во минатата година кога Килијан Мбапе пристигна, или пред две години кога дојде Џуд Белингем.
Реал Мадрид ќе го ангажира Трент Александар-Арнолд, а веројатно ќе биде ангажиран и еден стопер. Најверојатно изборот ќе падне на Вилијам Салиба од Арсенал, но и натаму нема одлука за ктаво нешто.
Исто така се споменуваше и ангажман на Флоријан Вирц, но тој повеќе сака да остане во Германија, каде што најверојатно ќе потпише со Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА