По Арнолд и Робертсон заминува од Ливерпул

Трент Александер Арнолд замина од Ливерпул и е нов фудбалер на Реал Мадрид, а по неговите стапки може да замине и неговиот добар пријател и долгогодишен соиграч Енди Робертсон.

Атлетико Мадрид е заинтересиран за потписот на одличниот Шкот, а тоа што тој влегува во последната година од својот договор со „црвените“, дава уште поголема важност на овие шпекулации.

Од друга страна договорите на Цезар Аспиликуета и Реинилдо истекуваат, па „јоргнџиите“ би можеле да ја засилат таа позиција.

Се вчитува...