По бод за Лацио и за Интер од дерби-пресметката на „Олимпико“

Лацио и Интер ремизираа (1-1) на „Олимпико“ во дерби – дуелот од третото коло во Серија А. Постигнаа по еден гол, останаа и со по десетмина играчи на теренот поради исклучувањата на Имобиле и на Сенси, и на крајот поделија по еден бод.

„Нероаѕурите“ поведоа со голот на Лаутаро Мартинез во 30.минута, но израмни Сергеј Милинковиќ Савиќ во 55.минута од дуелот.

Парма со 1-0 ја совлада Верона, а стрелец на голот беше Јасмин Куртиќ во првата минута. Беневенто исто така минимално со 1-0 славеше над Болоња.

Се вчитува...