По бод за Милан и Интер во одличното дерби: Прво едните, потоа и другите се спасуваа од пораз (ВИДЕО)

Интересен, возбудлив и до крај неизвесен натпревар одиграа миланските клубови Милан и Интер во Серија „А“ вечерва. Гол од пенал, па израмнување, па промашен пенал, борба и многу шанси на едната и на другата страна.

Интер прв ја „начна“ мрежата на Милан во 11 минута од пенал преку Чалханоглу. Во 17. минута Де Фрај си постигна автогол за израмнување. Интер имаше голема шанса од пенал преку Мартинез, но Татарушану одбрани. Интер имаше уште две супер шанси во финишот на првиот дел, но не успеаја да реализираат.

Во вториот дел продолжи иницијативата на Интер, и шансите, но промена на резултатот немаше. Милан како да се чуваше за финишот, па имаше супер прилики да дојде до победата. Ибрахимовиќ најпрво упати силен удар кој го одбрани Хандановиќ, а Салемакерс во 90. минута ја погоди стативата, додека Кеси го утна цел гол.

Се вчитува...