По Бонучи, Јувентус го продолжи договорот со уште еден важен фудбалер

Италијанскиот шампион, Јувентус по Леонардо Бонучи, одлучи да го продолжи договорот и со колумбискиот интернационалец Хуан Квадрадо. Квадрадо на кој актуелниот договор му истекуваше на крајот на сезоната, соработката со „старата дама“ ја продолжи до 2022 година.

Колумбиецот најчесто влегува од клупата, но под водство на Маурицио Сари доби улога да игра на бековската позиција. Од доаѓањето од Челси во 2015 година, Квадрадо за клубот од Торино одигра 155 меча на кои постигна 15 гола и запиша 30 асистенции.

Се вчитува...