По Челси, и „граѓаните“ под лупата на ФИФА

Само еден ден откако започна истрага против Челси, ФИФА одново ќе го истражува Манчестер сити, а истрагата најверојатно се работи за трансферот на 16-годишниот Аргентинец, Бенјамин Гаре од Велез Сарсфилд.

Фудбалерот веќе бележи настапи за младиот тим на „граѓаните“, иако клубот од Аргентина поведе спор пред меѓународната арбитража. Сити од тој случај беше ослободен, но спорот во Лозано се уште е во тек, најверојатно се појавија нови детали околу случајот.

Доколку во текот на истрагата се пронајдат неправилности, во најлош случај Сити не ќе може да купува фудбалери најмалку еден преоден рок. Тоа значи само едно за „граѓаните“, ништо од трансферот на Алексис Санчез следното лето, што е големо разочарување за Гвардиола.

Клубот од Манчестер претходно беше казнет со 300.000 фунти поради обид да ангажираат млади играчи под 18 години, и има забрана за доведување малолетни фудбалери во својата академија. Но, овој случај има своја тежина, па кога ФИФА покренува истрага, обично се завршува со трансфер ембарго.

Се вчитува...