По дебито за ПСЖ, Рамос ќе го пропушти мечот со Ница!

Дефанзивезот на ПСЖ, Серхио Рамос нема да биде дел од тимот на „светците“ на денешниот натпревар на ПСЖ против Ница и покрај тоа што пред неколку дена дебитираше за клубот и е во добра форма. Нема информации за нова повреда на дефанзивецот, туку тој ќе паузира за да не се оптовари одеднаш.

Шпанецот немаше играно од неговиот трансфер во летото, бидејќи имаше повреда. За денешниот натпревар во прашање е настапот и на Хуан Бернат и Лионел Меси. Вчера Аргентинецот се пожали на стомачни проблеми.

Леандро Паредес ја имаше истата болка како и освојувачот на „Златната топка“, но веќе е добро и треба да биде во составот на тимот.

Се вчитува...