По десет години, викендов повторно ридско-брзински трки на Пониква во Кочани

По пауза од десет години, повторно ќе се вози традиционалната авто-трка во Кочани. Викендов на патеката Пониква, близу Кочани, ќе се одржи втората трка од домашниот шампионат на ридско-брзински патеки. Организатор на авто-трката во Кочани – „РУЕН ПОНИКВА 2018” е АКК ПРИМО АВЈ, во соработка со Општина Кочани и Ruen-Inox Automobile.

На патеката долга 6 километри и 400 метри,ќе учествуваат 25 домашни натпреварувачи, а се очекува и присуство на странски возачи. Официјалното отворање на трката е закажано за в недела од 12:30 часот, а стартот на натпреварот е предвиден во 13:00 часот.

По успешниот старт на Водно, организаторот се надева дека ќе го врати сјајот на најатрактивниот спортски настан и во градот Кочани.

До крајот на натпреварувачката сезона во домашниот шампионат остануваат уште две ридско –брзински трки. Следната е во Крушево (04-05. август) и Водно (10-11. неомври).

Се вчитува...