По десет месеци пауза ништо не е сменето – Победничкиот менталитет како водач во Лигата на нации

Македонските репрезентативци по десет месеци пауза повторно на собир во очекување на новиот фудбалски ре-старт. Но, и по десет месеци пауза ништо не е сменето во мислите на избраниците на Игор Ангеловски, барем кога се во прашање настапите во Лигата на нации.

Дефанзивецот на унгарски Мол Види, Висар Муслиу е убеден дека победничкиот менталитет повторно ќе биде водач и кон нови успеси на репрезентацијата.

„Среќни сме што повторно сме заедно. Долго не бевме заедно, но победничкиот менталитет уште живее во нас и тоа треба да биде наш водач и за натпреварите со Ерменија и со Грузија на кои секако посакуваме да дојдеме до победи“ – вели Муслиу.

Се вчитува...