По девет години чекање – во Центар се слави титула (видео)

Девет години приврзаниците на Работнички чекаа шампионска титула, во последните шест сезони следеа како трофејот завршува во рацете на лутиот ривал МЗТ Скопје, па јасно е зошто радоста кај „центарци“ беше така голема по вечерашниот огромен успех, „метла“ со максимални 3-0 во финалната серија токму против аеродромци.

Се славеше во салата „Градски парк“ околу еден час по завршувањето на натпреварот, а прославата продолжи и во еден од рестораните во центарот на градот, каде нешто пред полноќ пристигнаа и тренерот Докузовски и кошаркарите на Работнички.

Погледнете само дел од атмосферата од шампионската прослава на Работнички.

Се вчитува...