По еден гол и еден бод за Мајорка и Леванте во нивната меѓусебна пресметка (ВИДЕО)

Мајорка и Леванте одиграа без победник 1-1 во нивната меѓусебна пресметка во рамките од 10. коло во Ла Лига. Леванте имаше предност која беше „поништена“ на 11 минути пред крајот на средбата.

Ета Ејонг во 22. минута од средбата донесе предност за гостите од Валенсија. По еден напад на Леванте кој почна од својата половина, топката стигна на левата страна, следуваше удар, а потоа „пинг-понг“ во шеснасетникот, па топка до Ејонг за прецизен удар и водство на гостинската екипа. 

Мафео во 79. минута од средбата по асистенција на Можика успеа да постигне прекрасен гол, и така да донесе еден бод за Мајорка.

Се вчитува...