По големиот успех на СП, Премиерот Заев со прием на репрезентативците во традиционално карате

Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев организираше прием на македонската репрезентација во традиционално карате по повод историските резултати постигнати на Светското првенство во Монтекатини, Италија.

На средбата, каратистите го информираа Премиерот за последниот голем успех на Светското првенство во традиционално карате, одржано во Италија од 1. до 3. декември, каде македонските каратисти освоија вкупно 14 медали, од кои 9 златни. Премиерот Заев го поздрави овој успех и искажа подготвеност, во иднина Владата да ги поддржи понатамошните активности на федерацијата со цел уште поголеми успеси на меѓународна сцена.

„Имаме амбициозни проекти за новини во спортот. Ќе ни треба вашата соработка за да го почувствуваат спортистите вистинскиот бенефит од нашите заеднички идеи“ – рече во оваа прилика премиерот Заев.

priem

Венцислав Недев и Дејан Недев во знак на благодарност на Премиерот Заев му доделија диплома за почесен мајсторски црн појас од 9 дан (највисок карате степен) како и карате кимоно и монографија по повод 50 години карате во Македонија.

Се вчитува...