По хулиганските испади: Ристовски и соиграчите од Спортинг Лисабон под строг полициски надзор

Фудбалерите на Спортинг Лисабон се наоѓаат под строг полициски надзор како дополнителна заштита за нивната безбедност откако беа нападнати од сопствените навивачи, со оглед дека не успеаја да обезбедат пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Стотина хулигани ги нападнаа во клупската соблекувална, а најлошо помина напаѓачот Бас Дост, кој заврши со неколку конци на главата. За среќа, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не беше повреден, но и тој секако преживува драматични моменти во својата прва сезона во португалскиот гигант.

Тимот на Спортинг Лисабон се наоѓа во карантин во Академијата на клубот, и под максимална полициска заштита. Утре „зелено-белите“ ќе тренираат на стадионот „Оеирас Жамор“, каде в недела и ќе се одигра финалето на Купот на Португалија против Авеш.

Се вчитува...