По Кајт – Ван Перси: Феенорд враќа уште една легенда

Дирк Кајт со хет-трик во последното коло му ја донесе титулата на Феенорд по што ја заврши кариерата, a раководството на холандскиот првак сега планира да врати уште една ѕвезда во своите редови. Станува збор за Робин ван Перси, со кого веќе е стапено во контакт и кој изразил желба да се врати назад „дома“ во Ротердам.

Нема дилеми дека Робин добро би се вклопил во нашата игра. Имајќи во предвид како настапуваше порано и што се има постигнато во својата кариера, нема сомнеж дека би ни бил од огромна помош“ – истакна тренерот на Феенорд, Џовани ван Бронкхорст, кој има настапувано заедно со Ван Перси во холандската репрезентација.

Проблем може да претставува што 33-годишниот голгетер има уште една сезона од актуелниот договор со Фенербахче, но Ван Перси веќе побарал да му биде дозволено да си замине. Доколку тоа се случи, тогаш Феенорд дефинитивно би бил фаворит во трката за долгогодишниот холандски репрезентативец.

Се вчитува...