По „корпата“ од Рангник, Баерн има нов фаворит за тренер

Баерн Минхен засега доби неколку „корпи“ од тренери како Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман, а последен на редот беше австрискиот селектор Ралф Рангник.

Рангник се реши да го „откачи“ Баерн, и да остане на чело на австрискиот национален тим, па така Баерн ќе треба да најде нова алтернатива за Томас Тухел кој по завршувањето на сезоната заминува од Минхен.

Сега нов фаворит за клупата на Баерн е сегашниот тренер на Бенфика, Роџер Шмит. Шмит во минатото беше дел од Баер Леверкузен, Салцбург, ПСВ, а од 2022 година работи во тимот од Лисабон.

Се вчитува...