Интер се активира за задржување на клучните фудбалери, па по Лаутаро Мартинез во текот на следната недела ќе го продолжи договорот и со Николо Барела. Новиот договор ќе има подобри услови од сегашните и ќе истекува во јуни 2026 година, со што Интер ќе успее да го задржи фудбалерот за кого се интересираат речиси сите гиганти од Премиер-лигата.
Интер го гледа Николо како иден капитен на екипата, а директорот Марота не криеше дека останувањето на Барела е еден од приоритетите за „нероаѕурите“, заедно со новиот договор на Лаутаро Мартинез што беше потпишан во текот на вчерашниот ден.
Барела дојде во Интер од Калјари, а играше една сезона и во Комо. Тој е стандарден член на италијанската селекција, за која има 33 настапи. Во минатото ги мина сите младински категории на „Азурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА