По Лејкерс, Бруклин ги совлада и Клиперс, Јокиќ „скромен“ во поразот од Атланта

Серијата на победи на Бруклин се искачи на пет во низа откако „црно-белите“ славеа над Клиперс со 108-112. Пол Џорд беше првото име кај домаќините со 34 поени, 7 асистенции и 6 скока, додека Каваи Ленард додаде 29 поени и 13 скока. Предводник на Бруклин повторно беше Џејмс Харден, овој пат со 37 поени, 11 скока и 7 асистенции, додека Кајри Ирвинг додаде 28 поени и 8 асистенции.

Денвер го забележаа и 14 пораз оваа сезона откако загубија на гостувањето против Атланта со 123-115. Тре Јанг го предводеше својот тим со 35 поени и 15 асистенции, додека Клинт Капела додаде 22 поени и 10 скока. Џамал Мари беше првото име кај тимот од Колорадо со 30 поени и 4 скока и 4 асистенции, додека Никола Јокиќ стигна до нов дабл-дабл учинок, овој пат од 15 поени и 10 скока.

Во останатите натпревари Њу Орлеанс по породолженија славеше над Бостон со 120-115, Оклахома беше подобра од Кливленд со 101-117, Њујорк славеше над Минесота со 103-99, Орландо го доби Детроит со 105-96, Торонто славеше над лидерот на „Истокот“, Филаделфија со 110-103 и Милвоки беше подобар од Сакраменто со 128-115.

Се вчитува...