По Милан и Интер влегува во трката за потписот на Елмас

По Милан и неговиот градски ривал Интер влегува во трката за потписот на македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас. Милан минатите денови веќе се распрашуваше за цената на „Дијамантот“, а Наполи во моментов бара 35 милиони евра за него.

Милан го нуди на Наполи, Анте Ребиќ во замена како би можела да се намали цената за нашиот интернационалец. Желба за Елмас пројавува и Интер кој во моментов финансиски е помоќен од градскиот ривал.

Сепак, последниот збор ќе го има сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентинс кој ќе мора самиот да одлучи дали сака да се откаже од услугите на Елмас. Македонецот веќе има 119 настапи за Наполи за неполни три сезони и многу блузу е да влезе меѓу стоте фудбалери во историјата по број на одиграни мечеви во синиот дрес, а со тоа и најмлад кој влегол во вакво одбрано друштво. 

Се вчитува...