По пласманот во финалето во ЛШ: „Милионерите“ ја продолжуваат соработката со Терзиќ

Пласманот во финалето на Лигата на шампионите, ќе биде награда за тренерот на Борусија Дортмунд Един Терзиќ со нов договор. Сегашниот на германскиот стручњак со хрватски пасош истекува идното лето, па Борусија сака да го искористи моментот и да го задржи на клупата уште подолго.

Терзиќ беше во минатото навивач на овој клуб, и веќе долго време работи со „милионерите“ како во младинските категории, така подоцна и во сениорите. Лани беше на пат да ја освои титулата во Бундеслигата, но со ремито во последното коло со Мајнц, му овозможи на Баерн да продолжи со доминацијата.

Оваа сезона не му одеше добро во Германија, ама затоа во ЛШ го однесе својот тим во финалето, каде против Реал Мадрид ќе се бори за големиот трофеј.

Германските медиуми пишуваат дека Борусија со Терзиќ ќе почне преговори после финалниот меч, и дека кај тренерот има расположение за продолжување на соработката.

Се вчитува...