По победа над Италија за потврда на квалитетот на „подмладената Македонија“

Македонската ракометна репрезентација пријатно изненади со играта и резултатот на премиерниот меч во Ешикшехир, триумфирајќи на гостински терен против Турција со 23-26. Селекторот Брестовац се реши за експериментален состав со голем број на млади ракометари, кои импресионираа со пристапот и борбеноста, па триумфот над Турците беше апсолутно заслужен.

Веќе денеска „црвено-жолтите“ ги очекува нов предизвик, дуел со селекцијата на Италија, по што македонската експедиција ќе се врати назад во Скопје. Желбата е сосема јасна, да се одигра уште една квалитетна средба и да се стигне до нов триумф, со што дел од ракометарите би испратиле силна препорака во битката за место на списокот за ЕП 2020.

По враќањето во Македонија, нашиот национален тим в петок и в сабота ќе одигра контролни натпревари во Скопје против селекцијата на Грузија, средби за кои Брестовац ќе може да смета и на капитенот Кире Лазаров и на уште неколку поискусни ракометари кои важат за лидери на оваа репрезентација.

Се вчитува...