По поразот од Ерменија, шахистите убедливо поразени и од Грузија

По поразот од Ерменија во претходното коло, македонските шахисти запишаа и втор едноподруго пораз на 43. Олимпијада во Батуми, Грузија.

Шахистите во 7. коло денеска загубија со убедливи 0-4 од домаќинот Грузија. Вчера во 6. коло, Македонија загуби со 0,5-3,5 од Ерменија.

По овој пораз македонските шахисти останаа на 8 бода, со четири победи и три порази по седум рунди.

Дамите, пак, во 7. коло ремизираа (2-2) со селекцијата на Велс.

Единствената победа ја запиша Стојковска на втората табла, ремизираа Бејатовиќ и Коскоска, а загуби Петровска на четвртата табла.

Се вчитува...