По последниот натпревар за Дортмунд, Халанд ги собра другарите и ги однесе на луда, незаборавна и проштална забава (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд и дефинитивно си заминува од Борусија Дортмунд, а следен предизвик за Норвежанецот ќе биде да ја продолжи блескавата кариера во Манчестер Сити.

Халанд го одигра последниот натпревар во дресот на Борусија против Херта, а вечерта по натпреварот имаше проштална забава во која секако главната улога ја имаше самиот тој.

Норвешкиот напаѓач реши да излезе во ноќен клуб со своите пријатели. Ерлинг реши максимално да се опушти и тоа облечен во тренерка на клубот од кој заминува.

Последното излегување во Дортмунд било лудо и незаборавно, вака барем може да се види од објавената снимка.

 

Се вчитува...