По промената на Статутот, Хаџи-Ристески не може да се кандидира за претседател на ФФМ!

Поранешниот прв човек на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески и покрај претходно пројавената желба, по промената на Статутот на ФФМ на денешното Собрание кое се одржа во Охрид, нема да може да се кандидира за враќање на претседателската функција во Фудбалската федерација на Македонија.

Од новоизгласаните членови во Статутот на ФФМ, сега е донесена промена со тоа што кандидатот не смее да ја надминува старосната граница за пензионирање во Македонија – 65 години. За разлика од досега кога можеа да се кандидираат и лица на возраст до 70 години. А, Хаџи-Ристески во моментов има 67 години.

Со тоа, од претходните кандидати, сега повторно единствено ќе може да се кандидираат Влатко Костов и Вујадин Станојковиќ. Секако, веќе се најавени кандидатури и уште на неколку лица активно во македонскиот фудбал, во минатото и сега.

Во новиот Статут на ФФМ изменето е и претходното решение според кое кандидатот за претседател на ФФМ се избираше само од редот на делегатите, а направена е и измена дека кандидатите не мора во тој момент да бидат активни членови во Фудбалската федерација. Се остава можност, кандидатот и во минатото да имал активност во македонскиот фудбал.

 

Се вчитува...