По Роналдо следува и Ремзи, Јувентус го раскинува договорот со еден од најплатените фудбалери

Јувентус мора да прави сериозни кратења во финансиите, па по продажбата на Кристијано Роналдо сега планира да се ослободи од уште еден скапо платен фудбалер.

Се работи за Арон Ремзи, кој сезонава одигра само пет натпревари за тимот во сите натпреварувања. Велшанецот е меѓу најплатените играчи со годишна плата од 10 милиони евра.

Челниците на Јувентус моментално работат со агентите на фудбалерот на раскин на договорот, што му истекува во јуни 2023 година. Тој потпиша за „Старата дама“ во летото 2019 година како слободен фудбалер, откако му истече договорот со Арсенал.

Се вчитува...