По шест години, само два настапи и 12 освоени трофеи замина од Манчестер Сити

Скот Карсон, 39-годишниот англиски голман по шест години поминати во Манчестер Сити заминува од клубот. Тој не беше прв, ниту втор избор на голманската позиција, но помина повеќе од деценија во клубот благодарние на одлучната работна етика и позитивната атмосфера која ја носеше во соблекувалната, стои во соопштението на премиерлигашот.

Карсон за прв пат потпиша за Манчестер Сити во 2019 година како позајмен фудбалер, а од 2021 година беше и постојан член на тимот од „Етихад“ освојувајќи 12 трофеи и бележејќи само два настапи.

Првиот од нив беше на натпреварот против Њуксал Јунајтед во мај 2021 година, а вториот во осминафиналето од Лигата на Шампионите против Спортинг во сезоната 2021/22.

Се вчитува...