По смртта на таткото и пауза од 300 дена, Шифрин се врати на скијачките патеки

Со женскиот слалом во Леви продолжува скијачката сезона во која по 300 дена надвор од патеките се врати и најдобрата скијачка на денешницата, Американката Микаела Шифрин.

25-годишната Шифрин последен пат скијаше во февруари оваа година во Светскиот куп во Банско. За жал, младата Американка неколку денови подоцна се соочи со огромна тага, со смртта на својот татко Џеф. Беше тоа тежок удар за Шифрин која се повлече од Светскиот куп.

„Лута сум многу, и осамена. Тој беше човекот кој секогаш и за се беше покрај мене“ – истакна тогаш Американката.

Сега, повторно се врати на патеките…

„Воопшто не чувствувам дека имав така долга пауза. Овие изминати 300 дена беа најстресните во мојот живот, но и најактивните во желбата да се вратам што поподготвена. Во овој момент единствено сум неизмерно благодарна што повторно сум на трките“ – истакна пред денешната трка Шифрин.

Шифрин во последните 43 слаломи во Светскиот куп, пред денешната трка во Леви, беше дури 41 пат на пиедесталот, од кои 34 пати беше првопласираната. Оние двапати кога не беше на пиедесталот, всушност и не ги заврши трките.

Се вчитува...