По три порази, конечно радост за Ѓуроски и Хуеска

Стојан Ѓуроски е меѓу најзаслужните што тимот на Хуеска ја прекина серијата од три порази, откако вечерва славеше на гостувањето против Прат Хувентуд со убедливи 56-83.

Дуелот против младинскиот тим на Хувентуд, Ѓуроски и соиграчите го решија со одлична игра во второто полувреме, во кое Хуеска целосно го надигра противникот со 20 поени разлика (15-24, 17-28) и на крајот стигна до убедлива победа.

Македонскиот репрезентативец реализираше 16 поени, со два скока, две асистенции и една украдена топка, со што беше втор стрелец во својот тим, зад Нургер, кој постигна 21 поени. Хуеска со оваа победа се врати на второто место на табелата, зад лидерот Бетис.

Се вчитува...