По УЕФА уште една голема спортска организација ги отвора вратите за Русите

Меѓународниот параолимписки комитет одлучи да ја укине забраната за руските натпреварувачи за следните Игри во Париз.

Русите ќе се натпреваруваат без државнот знаме и химната. Неодамна Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека може да ја укине забраната за руските тимови да се натпреваруваат во помлади категории, под капата на УЕФА, а сега нешто слично се случува и во рамките на Параолимпијадата.

Меѓународната параолимписка федерација во петокот во Манила донесе одлука руските натпреварувачи да можат да учествуваат во Париз (28. август – 8. септември), иако тие сепак ќе се натпреваруваат под неутрални симболи.

Оваа одлука на Меѓународната параолимписка федерација дојде по инструкциите за руските спортисти кои дојдоа од врвот на Меѓународниот олимписки комитет. Останува да се одлучи каков статус ќе имаат белоруските параолимпијци.

Поради руската инвазија на Украина, Меѓународниот параолимписки комитет го забрани учеството на руски и белоруски натпреварувачи на претходните Игри што се одржаа во Пекинг.

Се вчитува...