Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, напредуваше за 14 места на најновата ВТА ранг листа.
По успехот на Вимблдон и пласманот на главниот турнир, за првпат во нејзината кариера на еден грандслем, Ѓорческа скока 14 места, сега позиционирајќи се на 208. место со вкупно 367 бода.
Најдобар пласман на македонската тенисерка во кариерата е 170. место на ВТА кое го имаше во 2017 година.
На самиот врв на ВТА ранг листата и понатаму е Арина Сабаленка, пред Елена Рибакина и Џесика Пегула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
