По Возњаки падна и Венус Вилијамс – анонимна канадска тинејџерка во поход

Канадската тинејџерска сензација на годинашното издание на тенискиот турнир во Оукленд, Бјанка Андреску ја заблежа победата на кариерата триумфирајќи во четвртфиналето над седумкратната грен-слем шампионка, Венус Вилијамс.

18-годишната тенисерка доби 11 гема по ред во пресвртот што го направи во дуелот со далеку попознатата Американка. Претходно, Андреску ја елиминираше третата светска тенисерка, Каролине Возњаки које е и бранителка на титулата на Австралија Опен. Венус Вилјамс пак веќе имаше две грен-слем титули пред Андреску да биде родена.

Првпат во кариерата Андреску ќе се бори во полуфинале на ВТА турнир. Утре игра против Тајванката Хсие Су-веи.

 

 

Се вчитува...