Побарал дозвола за излез од карантин за да оди на погреб, па заврши во стриптиз-бар

На кошаркарите од НБА клубовите им е најстрого забранет излез од комплексот „Дизни ворлд“ во Орландо каде ќе продолжи сезоната во најсиланата кошаркарска лига. Сепак, на играчите им е дозволен излез со специјални дозволи за посебни случаи.

Лу Вилијамс е петти кошаркар на ЛА Клиперс кој од „приватни причини“ го напушти Орландо. Вилијамс барал дозвола за да оди на погреб кај својот дедо. Дали навистина бил не е познато, но ја искористил можност и за добра забава во стриптиз-бар.

А, го разоткри раперот Џек Харлоу кој најпрво ја објави, а потоа брзо ја избриша фотографијата со Вилијамс, со порака: „Локација која никогаш нема да ја погодите“.

Многу брзо по објавата, Харлоу ја избриша фотографијата која, сепак, американските медиуми брзо ја снимиле откривајќи дека локацијата е стриптиз-барот „Атлантик клуб“.

Сега, Вилијамс, кој по враќањето секако го очекува строг карантин, го очекува и казна од НБА лигата која прави се да ги заштити сите кои во моментов се изолирани во „Дизни ворлд“ пред рестартот на сезоната.

Се вчитува...