Победа и пораз за охриѓани на тест средбите во Србија

Кошаркарите на АВ Охрид запишаа победа и пораз на двата пријателски натпревари кои ги одиграа во соседна Србија.

Охриѓани славеа против Константинг со 74-72, а загубија во пресметката со Здравје. Пред заминувањето за Србија, како што е познато, АВ Охрид славеше на тестот против Пелистер.

Финалните подготовки пред стартот на сезоната охриѓани ќе ги имаат во црногорскиот туристички центар Тиват каде ќе одиграат и четири пријателски натпревари против Требиње, Теодо, Примоерја и Студентски центар.

Се вчитува...